Translations:Onuncu Söz/368/mk
И потоа, светкавоста на сјајните предмети и материјали на Земјината површина, просветлувањето на меурчињата и пената на морската површина, а потоа угаснувањето на блесокот и исчезнувањето на меурчињата и појавата на нови светлинки, небаре овие предмети се огледала за замислени сонца, јасно ни откриваат дека одделните проблесоци не се ништо друго туку израз на рефлексијата на едно единствено високо сонце. Тие на различни јазици нè потсетуваат дека сонцето постои и со прстиња од светлината укажуваат на тоа.