Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/30/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Да го одложиме настрана овој апсурд и накратко да прејдеме преку него за да го согледаме делувањето на „материјалните причинители“ кое се случува низ допир и интеракција. Додека гледаме како меѓусебните допири на тие природни причинители се само допир со надворешноста на живото битие, внатрешноста на тоа битие до кое не допираат прстите на тие материјални причинители, ниту пак тие со што било можат да ја допрат, е уште попрецизна и поскладна од надворешноста, дури и попрефинета во смисла на создавањето и на совршеното умеење.