Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/82/mk
И така, според тоа што го видовме од примерот на часовникот и книгата, Возвишениот Творец, Кој е семоќен, Сам создава причини и последици. Тој со својата мудрост последиците ги врзува за причини, а со Своето сакање ја одредил природата на нештата и ги направил огледало кое ги одразува указите на врвниот шеријат според кој ја уредил и креирал вселената, а кој е збирка на Аллахови закони и владејачки правила кои се однесуваат на уредување на вселената. Со својата моќ го измислил лицето на „природата“ на кое почива појавниот свет на физичката егзистенција. По таа природа потоа ги создал и ги подигнал работите и двете ги соединил и ги споил со совршена мудрост.
А сега, со објективното гледање на твојот прост ум му препуштаме да процени: кои од двете разумот го прифаќа и верува со леснотија? Дали на овој на разумот прифатлив факт проистекнат од безброј уверливи докази, кој е убедлив до границата на неопходност, или придодавање на сите механизми и органи нужни за некоја работа и припишување на делата оличени со мудрост и сила на визија на самите тие работи?!
И припишување на сето тоа на она што тие го нарекуваат „природа“ и причини, кои се, всушност, крути работи без свест, направени и создадени? Не ли е ова друго апсурдно суеверие исклучено од секаква можност?