Translations:Onuncu Söz/274/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Потоа, степените на сила и слабост при дадено нешто зависат од мешањето во него од неговата спротивност. На пример, степените на топлината се резултат на мешањето на студот, нивоата на убавината се раѓаат од мешањето на грдотијата, степените на светлината се плод на навлегувањето на мракот во неа. Но, ако дадено нешто е суштинско и автономно, а не случајно и коинцидентно, тогаш не е можно неговата спротивност да се меша со него, во спротивно неопходно е да се комбинираат двата столба, што е невозможно. Со други зборови, она што е суштинско, автономно и првично, не дозволува достапност на степени. Додека моќта на Апсолутниот Семоќен продолжува да биде суштинска, а не случајна и коинцидентна, како што се можните креации, и апсолутно совршена, дотогаш ќе биде невозможно да ја порази неговата спротивност – слабоста.