Translations:Onuncu Söz/351/mk
Потоа, како што беше споменато во Послание за Предодредувањето (Дваесет и шесто Слово), аргументите што ја докажуваат верата во судбината, сами по себе се аргументи за претстојното Воскресение, за отворањето на свитоците со делата, за мерењето на постапките со Најголемата вага, затоа што пред нашите очи гледаме како вредноста на секое нешто се запишува на површината на редот и рамнотежата, како настаните и случките од животот на секое живо суштество се регистрираат во неговиот ум, во неговото семе и на сите идеални површини, како книгите со делата на секое одухотворено создание, и особено на човекот, се утврдуваат и се прикажуваат на заштитени екрани. Целото тоа сеопфатно предодредување, семудра оценка, прецизно запишување, чесно регистрирање не би можело да се прави за нешто друго освен за Врховен суд, за добивање трајна награда и казна во вечноста. Инаку, не би имало никаква смисла и никаква полза. Затоа, сеопфатното запишување и регистрирање, кое ги установува и зачувува најситните детали, би биле спротивност на мудроста и вистината. Со други зборови, ако Воскресението не се состои, целата праведна содржина на Книгата на вселената, напишана со моливот на предодредувањето, ќе биде избришана и уништена. Тоа е апсолутно невозможно и никогаш не би можело да се случи. Згора на сè, тоа е целосен апсурд, како да се негира постоењето на вселената, и е само заблуда.