Translations:Onuncu Söz/369/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Таква е состојбата и со блесокот на живите созданија на Земјината и на морската површина, настаната од Божјата моќ и од изразот на името Животодавецот (Мухји), кој му припаѓа на Вечноживиот, Сеприсутниот, преголема е Неговата големина. Слично е и исчезнувањето на оние созданија зад превезот на невидливото, за да направат место на оние што доаѓаат по нив, повторувајќи: „О, вечноживи!“ Тоа се само сведоштва и знаци за бесмртниот живот и за нужното постоење на Вечноживиот, Сеприсутниот, Сеславен е Тој и Севишен.

    И така, сите аргументи кои сведочат за Божјото знаење, трагите од кои се набљудуваат во организацијата на созданијата; сите докази кои ја потврдуваат моќта што е распространета во вселената; сите аргументи кои го поткрепуваат фактот за волјата и желбата што господаруваат над управувањето и организирањето на светот; сите знаци и чуда што ги потврдуваат пророчките посланија, кои се оска на Господовото слово и на Божјото откровение... Сите овие аргументи што сведочат и укажуваат на седумте големи Божји атрибути, едногласно сведочат и истовремено и го докажуваат животот на Вечноживиот, Сеприсутниот, сеславен е Тој,