Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/128/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Еј, болен брату! Во твојата болест постои физичка болка, меѓутоа тебе те опсенила една битна духовна сладотија која ќе го тргне влијанието на таа физичка болка. Бидејќи, доколку имаш татко, мајка и роднини, секако дека твојата физичка болка станува незначителна кон будењето на околу тебе веќе одамна заборавената и многу пријатна нивна милост, и кон повторното доживување на нивните благи погледи како во времето кога си бил дете, исто така и кон благите погледи на пријателите привлечени од твојата болест, чиишто пријателства останале околу тебе скриени зад завеса.