Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/139/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Еј, ти, беспомошен болен човеку, што немаш никого! Ако твојата болест заедно со твојата самотија и туѓина можат да ги разнежнат и најладните срца и да ги привлечат нивните сожаливи погледи, секако дека твојата врска со иманот кон твојот Семилосен Создател (Халик’и Рахим) и твојата молитва, молитва на болен човек, со јазикот на слабоста, откако Го имаш спознаено Него, оваа твоја болест во самотија и во туѓина, повеќе од сè ќе ги привлече кон тебе погледите на Неговата милост, на Оној Кој на почетоците на сите Сури од Куранот ни се претставува во својство на Рахману’р Рахим (Милостив и Семилосен) и Оној Кој со искра на преубава милост преку сите мајки ги одгледува сите чеда и Кој секоја пролет со искрата на Својот рахмет ја пополнува површината на земјата со разнородни нимети (благодати), чија само една искра на милост е Џеннетот со своите убавини, којшто е место на вечен живот. Штом тој постои и внимава на тебе, за тебе сè постои.

    Оној што Нему не Му е приврзан со иман и верност, или не ѝ дава вредност на таа врска, се наоѓа во вистинска туѓина и без никого.