Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/25/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Еј, болен човеку! И тебе, како во овој пример, Севишниот Создател (Сани-и Зулџелал) како кошула ти го облекува телото со светли (нурани) својства, како што се слухот, видот, разумот и срцето, за да ги покаже везовите на Неговите Најубави имиња (Есма-и Хусна), те става во многу различни ситуации и позиции и ти ги менува должностите. Како што со гладот го спознаваш Неговото име Давател на благосос­ тојба (Реззак), така и во болеста научи го Неговото име Исцелител (Шафи). Во нив се наоѓаат одблесоците на мудроста и зраците на милоста и многу убавини бидејќи болките и несреќите ги покажуваат законите на некои од Неговите имиња.