Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/62/mk
Штом во реалноста ова претставува суштина на смртта, таа не треба да се смета за застрашувачка, туку напротив, како почеток на милоста и среќата. Дел од продуховените (ехлуллахот) се плашеле од смртта, но нивниот страв не бил поради тоа што ја гледале како застрашувачка, туку можеби поради нивната надеж за стекнување повеќе заслуги (севапи) преку спроведување на што повеќе добри дела со продолжување на животните обврски.