Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/66/mk
Да, неспокојството придонесува двојно зголемување на болеста. Под физичката болест, неспокојството предизвикува духовна болест на срцето, која почива врз физичката и така продолжува. Ако твоето љубопитство и неспокојство исчезнат затоа што си ѝ се предал на судбината, си ја прифатил и со размислувањата за мудроста на болеста, тогаш еден многу важен дел од болеста се искоренува, станува полесна и делумно исчезнува. Понекогаш малата физичка болест преку неспокојството се зголемува за десеткратно повеќе. Со исчезнувањето на неспокојството, исчезнуваат и девет десеттини од болеста.