Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/103/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Апсолутно потчинување на секое поединечно суштество, во секое поединечно прашање, во секој негов поединечен дел и во сè што ќе преземе и постигне со Божјо сакање и Господарева моќ е возвишен и грандиозен факт. Поради неговата грандиозност и сеопфатност, нашите неспособни и кратки умови не можат да го согледаат, иако знаеме и со свои очи гледаме обилно мноштво на суштества и апсолутна леснотија на создавање нешта. „Леснотијата на изведувањето“ која е една од неопходните претпоставки на Божјото Едноштво, установлива е по доказите и непобитните аргументи кои сте ги воспоставиле, а со тоа веќе и Благородниот Куран изрично ја потврдил таа апсолутна леснотија во мноштво ајети, како на пример: „Создавањето на сите вас и вашето оживување, исто е како создавањето и оживувањето на еден човек!“ (Лукман, 28) „А крајот на светот како трепкање на окото ќе дојде, или уште побрзо!“ (Ен Нахл, 77)

    Сето тоа го чини величествениот факт на „леснотијата на изведувањето“ многу прифатлива и за разумот сфатлива работа. Значи, во што почива тајната на оваа леснотија и која е нејзината смисла?