Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/106/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Пример: командувањето на стотина војници од еден командант, стопати е полесно од командувањето на еден војник од стотина офицери.

    А кога извршувањето на комплетното опремање на една цела армија со воени потреби, од еден центар, по едно правило на службата, од една фабрика, се стави под команда на еден командант, тоа од гледиште на количината и масата, станува лесно и едноставно, еднакво како и обучувањето на само еден војник.

    Додека пак, извршувањето на задачите, на опремувањето на само еден војник, со целокупните воени потреби, од повеќе центри, од многу фабрики, групи на бројни команданти, бидува еднакво комплицирано и тешко, од гледиште на количина и маса, колку и опремување на цела армија.

    Затоа што тогаш, поради опремување на еден единствен војник, треба да постојат исто толку фабрики и опрема колку што треба и за цела армија.