Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/25/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Заклучок на горенаведеното:

    Виталните работи присутни по мерките на одредување и судбината од Беспочетниот и Мудриот во овој огромен универзум кој е како огромна и величенствена аптека, невозможно е да се изуми освен со неизмерна мудрост, со бескрајно знаење и со сакање кое ги опфаќа сите и го заокружува секое создание. Во спротивно, несреќен ли е тој што ќе се вообрази дека „овие созданија се продукт на општите вселенски елементи“ а тие се слепи и глуви во своето циркулирање и струење; или дека се „својствени на природата“ или дека се „резултат на делувањето на метеријалните причинители“!

    Нема сомнеж дека тој што се држи до оваа заблуда е најголем светски несреќник, најглупав и побезумен од несвесната пијана личност, помислувајќи дека споменатиот чудесен серум настанал сам од себе со судирање на шишенцата и со истекување на нивната содржина.

    Да, неверништвото е една безумна халуцинација и лудило на пијанството!