Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/26/mk
Втор апсурд
Доколку создавањето на нештото не би било припишано на Едниот, Единиот, Моќниот Поседувател на величината, туку се припише на материјалните причинителни фактори, тогаш неопходно би следело дека главнината на основните елементи и причини врши влијание на постоењето на секое живо битие.
Стварната состојба е дека слободното спојување на меѓусебно спротивставените причинители со потполна правилност, во прецизна мерка и со совршена изврсност во телото на едно малечко битие - да речеме мува – е очигледно невозможно до границите што го отфрла секој што има разум барем во количество на едно крилце од мувата, и тоа го одбива со зборовите: „Тоа е невозможно! Тоа не може да биде!“