Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/29/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Трет апсурд

    Доколку битието има само една единка, неизбежно води потекло од само еден делотворен фактор, и од една рака, во склад со смислата востановена во аксиоматското правило.

    Па доколку тоа битие е врвно правилно и врамнотежено, со крајна прецизност и умеење, и доколку поседува сеопфатен живот, очигледно е дека никако не води потекло од многу раце – кои се причина за несогласување и конфликт – туку мора да води потекло од едната рака на Едниот Единиот Праисконскиот и Мудриот. Оттука, да се припише едно правилно, складно, пропорционално би- тие за дело на рацете на слепите, глуви, крути, плиткоумни и неодредени, недефинирани природни причинители, кои немаат ни свест ни разум, додека тие се неодвоиво измешани, што уште повеќе го зголемува нивното слепило и глувост, а потоа да се тврди дека тие причинители се фактори кои вршат создавање на тоа оригинално битие и неговото одбирање од неограниченото мноштво на можности и варијанти..., да се прифати, значи, такво припишување и тврдење е, всушност, прифаќање на стотина апсурди истовремено, имајќи предвид дека тоа е сосема оддалечено од сите мерки и критериуми на разум.