Translations:Yirmi Üçüncü Lem'a/51/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Ако оваа способност не би Му се припишала на моќта на Возвишениот Создател Кој е Семоќен, тогаш би било неизбежно дека во таа педа земја постои специјална невидлива природна направа за секој цвет на светот, затоа што во спротивно не би било возможно да се појават и да постојат сите видови цвеќиња и плодови кои ние ги забележуваме.

    Имено, семињата – како спермата или јајцеклетките, на пример, се слични, соединети и замесени едни со други, без каков било одреден облик. Сите тие, главно, се состојат од водород, кислород, јаглероден диоксид и азот. Патем, и воздухот и водата и топлината и светлината се прости работи без разум и свест, и се слеваат на сè, без каква било мерка. Оттаму, формирањето на тоа безбројно цвеќе од онаа педа земја во сите негови разновидни и прекрасни бои и восхитувачки и разнолични облици и со нееднаков воодушевувачки изглед, сосема складно и уредено, на здравиот разум му се наметнува и се принудува на заклучок дека во таа педа земја мора да постојат невидливи машини и печатници со многу ситни димензии, побројни од целокупната индустрија и печатници кои постојат во Европа, за да може да се исткае таа жива ткаенина и илјадници разнови- дни везени материјали.