Писмо на тема икономија, скромност и расипност

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    Bu sayfa İktisad, Kanaat, İsraf Mevzuunda Bir Mektup sayfasının çevrilmiş sürümü ve çeviri %100 tamamlandı.
    Diğer diller:

    Вистина што нашиот свет учител Бедиуззаман Саид Нурси ја објавил во едно писмо, на тема штедливост, скромност и прекумерност

    “Зошто во минатото кога си поминал крај номадските племиња во источниот дел на Анадолија, си ги повикал на цивилизиран живот и си ги поттикнувал на населување во градовите и за напредок? И зошто пред околу четириесет години си се откажал од цивилизираниот градски почеток и си го опишал како излитено, а не културно, и си започнал да го избегнуваш социјалниот живот и си се повлекол во самотија?”

    Одговор:

    “Бидејќи западната цивилизација презела обратен пат и целосно спротивен на основните небесни закони, и им се спротивставува, вагата на злото им натежнува пред таа на добрините, и тежината на штетите им ја надминува онаа на ползите. Сигурноста и спокојството на луѓето се урнале, тие си се исполниле со тревога, вистинската среќа им се разложила и тоа што се бара и што се очекува од цивилизацијата, се распаднало. Поради оваа причина, прекумерноста и непотребноста ги езеле местата на штедливоста и скромноста, се експлоатира склоноста кон мрзеливост и се изоставени пасиштата на напорот и трудот. Оваа цивилизираност го навлекла анксиозното човештво во облеката на понижувачката бед-ност и ја покрила нејзината голотија со ветви алишта на мрзеливост и на ужасниот застој.”

    Рисале-и Нур го разјасниле законот за кој говори Светиот Куран во возвишениот повик:

    كُلُوا وَ اشْرَبُوا وَ لَا تُسْرِفُوا ٭ لَيْسَ لِْ۫لاِنْسَانِ اِلَّا مَا سَعٰى

    Земајќи го предвид споменатото објаснување, просветени од светлината на горецитираните ајети (стихови) од Куранот, Рисале-и Нур покажуваат дека среќата во животот на чове-штвото е сврзано со штедливоста и недостигот на прекумерност, и се гради со раѓање на енергијата и цврста решителност за положување напор, труд и тешка работа. При овие два напора, можно е да се оствари обединување и комби-нирање на двете човекови класи: аристократија и обични луѓе. Затоа ќе говорам за два деликатни проблеми, за две кратки пораки, а тоа се следните:

    Прва мудрост:

    Во ерата на номадството, луѓето имале потреба од три или четири работи, така што двајца од десет луѓе немале можност постојано да си ги набавуваат. Во денешно време под господарувањето на апсорбирачката западна цивилизација, којашто се одликува по тоа што раѓа злоупотреба, навлекува на прекумерност, ги разгорува страстите и желбата, и придава на непотребните барања и претензии карактер на потребност, според љубовта кон подражавањето и оддаденоста современиот човек има барем дваесет потреби наместо задолжителните четири. Можно е само двајца од секои дваесет луѓе да ги задоволат овие дваесет потреби употребувајќи законски извор и доколку прибегнуваат кон алал. Останатите осумнаесет луѓе живеат во беда и сиромаштија.

    Следствено, современата цивилизација го претвора човекот во одвратен бедник и во клетник што вечно има потреби. Со оглед на овие потреби, човештвото се насочува кон придобивки со арам доходи и кон примена на различни форми на гнев и неправедност. Класата на сиромашните се поттикнува да се бори и да стапува во постојани конфликти со аристократијата, затоа што се изоставува основниот закон поставен од Светиот Куран – должноста да се дава милостината зеќат и забраната да се зема лихва. Преку овие две положби се реализира можноста обичните луѓе да ја почитуваат аристократијата и се обезбедува нејзиното сочувство кон луѓето што имаат потреба. Со изоставувањето на основниот закон, капиталистите се принудуваат да ги угнетуваат сиромашните, да им ги погазуваат правата, а пролетерите се обврзуваат да не се потчинуваат и да се бунтуваат против богатите. Така се уништила среќата на човештвото, неговото спокојство и сигурност и се претворило во нејасна трага од изобилство.

    Втора мудрост:

    Чудата, постигнати од современата цивили-зација во областа на науката, се Господарови благодати, коишто изискуваат од човекот да упати искрена благодарност бидејќи е удостоен со нив, и бараат да ги употребува на соодветен начин во полза и во интерес на сите луѓе. Но денес сме сведоци на обратната состојба, затоа што споменатите чуда водат дел од луѓето – оние што имаат огромно значење во животот, кон изворот на мрзеливоста и безделништвото. Научните достигнувања го разгоруваат оганот на душевните страсти и ги возбудуваат скриените склоности кон телесно сладострастие, и на тој начин го одвојуваат човекот од трудот и напорот, го одвлекуваат од желбата за работа и преку недостигот на задоволство и отсуството на штедливост го туркаат кон дрскост, преку-мерност, угнетување и извршување забранети дела.

    На пример, како што е споменато во посланието Клуч за светлината.

    Радиото е голем Божји благодат за чове-штвото. Со оглед на тоа, бара да сме благодарни за него преку неговата употреба во интерес на сите луѓе, гледаме четири петтини од неговите употреби да се одвојуваат за побудување на душевните страсти и за безначајни работи што никако не ги засегаат луѓето. Така се притискаат корените на желбата за работа и човек се впушта во мрзелување, се оддава на одмор и се насладува на слушањето радио, макар што си ја изоставува вистинската животна функција. Во време кога е неопходно дел од полезните чудотворни средства и методи да се насочат и применуваат за олеснување на реалните интереси на човештвото, за вложување напор и извршување работа за доброто на сите луѓе, за обезбедување на нивните реални потреби и за намалување на тегобите, сам согледувам дека од споменатите средства и методи, едно или две од десет се употребуваат за задоволување на насушните потреби, а останатите осум се применуваат за промискуитетност,разврат, побудување на страстите, нежност, бездел-ништво, мрзеливост и беспотребно трошење на времето.

    Има илјадници случаи што ги потврдуваат горните два примера.

    Резиме:

    Современата западна цивилизација не се впушта во целост во небесните религии, затоа човештвото е западнато во понижувачка мизерија и му се зголемени потребите и барањата. Тоа упорно го разгорува во себе оганот на прекумерноста, алчноста и амбицијата, откако се урнале основите на штедливоста и скромноста и пред него се отвориле патиштата на угнетувањето и нарушувањето на забраните. Понатаму, на овој начин клетите луѓе што имаат потреба се фрлени во прегратките на мрзели-воста и на рушителското безделничење, а потоа се подбуцнати да ги употребуваат средствата за оглупување.

    На тој начин исчезнува тру-дољубието и желбата за вложување напор и човекот напразно си го троши скапоцениот животен век, додека ги следи страстите на современата цивилизација и оди по нејзината бесрамност и промискуитетност.

    И згора на сè, цивилизацијата кај овој беден и бездеен човек раѓа болести, оштетувања и хендикеп, затоа што таа е средство за рас-пространување во нишките на планетата на стотици епидемии и зарази што се шират како резултат на прекумерностите и злоупотребите.

    اَلْبَاقِى هُوَ الْبَاقِى

    Саид Нурси