Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/103/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Услишувањето на молитвата на болниот е многу важно прашање. Во изминативе три-четириесет години заболев од лумбаго и почнав да се молам за да оздравам. Сфатив дека всушност болеста е дадена за да се молиме. Бидејќи молитвата не може да се отстрани со молитва, односно молитвата не може да се поништи самата, сфатив дека резултатите од молитвата се однесуваат на Задгробниот свет ([1]) и дека таа самата на некој начин е молитва, а болниот со својата болест согледувајќи ја сопствената немоќ, се засолнува под Божествениот закон. Затоа, иако триесет години кажував молитви за моето исцелување, кои изгледаа ко да не беа услишени, јас никогаш не престанав да се молам во срцето.

    1. Забелешка: Ако дел од болеста е причина за постоењето на молитвата и ако таа е причина за исчезнувањето на болеста, тогаш постоењето на молитвата би било причина за себепоништување, а тоа е невозможно.