Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/120/mk
Еј, ти, болен брату! Како што подетално и на недвосмислен начин е објаснето во другите пораки, основата и суштината на несреќите и шеровите, па дури и на гревовите, е нивното непостоење. Непостоењето претставува шер и темнина. Состојбите на монотоното одморање, тишина, неподвижност, поради својата блискост со непостоењето и ништожноста ја навестуваат темнината на непостоењето, па вознемируваат. Движењето и промените значат постоење, даваат чувство за постоење. Постоењето, пак, е потполна добрина и светлина.