Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/85/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Едно време, ослепе тетката на Сулејман од Барла, која лојално ми вршеше услуги во период од осум години и за тоа време ниту еднаш не ме налути. Таа честита жена, претпоставувајќи дека сум стопати поголем од тоа што сум, еден ден ме пресретна на капијата од џамијата и ми рече: „Моли се за мене за пак да прогледам.“ Јас, безгрешноста на таа блажена и по малку сенилна жена ја зедов како посредник во моите молитви и се молев: „О, Господе, поради почитта кон нејзината безгрешност, врати ѝ го видот.“ По два дена, дојде еден лекар од Бурдур и ѝ ја тргна очната завеса. По четириесет дена, таа повторно го изгуби видот. Се растажив многу и почнав пак да се молам. Дај Боже молитвата да биде прифатена во Задгробниот живот. Во спротивно, таа молитва би можела да биде многу лоша клетва за неа бидејќи ѝ беа останале уште четириесет дена до нејзината смрт, а по четириесет дена, таа почина, Бог да ја прости.