Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/90/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Еј, ти болен човеку, кој воздивнуваш со „ах“! Не воздивнувај со „ах“ гледајќи ја сликата на болеста, туку осврни се на нејзиното значење и извикај „ох“. Да не беше убаво значењето на болеста, Семилостивиот Создател (Халик-и Рахим) не би им ги дал тие болести на Своите најмили. Меѓутоа, во хадиси-и сахих стои:

    اَشَدُّ النَّاسِ بَلَاءً اَل۟اَن۟بِيَاءُ ثُمَّ ال۟اَو۟لِيَاءُ اَل۟اَم۟ثَلُ فَال۟اَم۟ثَلُ – اَو۟ كَمَا قَالَ

    Односно, „Оние што се најпогодени со несреќи и маки се најдобрите и најбеспрекорните меѓу луѓето (пророците, светците и сличните на нив).“ На чело со светиот (хазрети) Ејјуб Алејхисселам, Божјите пратеници, потоа и личности што биле големи верници, на болестите кои ги снаоѓале, гледале како на некоја вистинска молитва (ибадет), односно како на некој подарок од Семилостивиот Создател (Халик-и Рахим) и трпеливо му се заблагодарувале на Аллах.