Yedinci Söz

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden
    Bu sayfa Yedinci Söz sayfasının çevrilmiş sürümü ve çeviri %96 tamamlandı.

    آمَنْتُ بِاللّٰهِ وبِالْيَوْمِ الْآخِرِ

    Ако сакаш да ја разбереш важноста на верувањето во Аллах и Судниот ден, кои се двата највредни клуча на човечкиот дух и кои ја откриваат мистериозната тајна и енигма на оваа вселена, ги отвораат вратите на среќата и удоб носта на човековата душа; и за да веруваш стрпливо и да се потпреш на својот Создател, со благодарност да се молиш и да ги бараш двата најкорисни и најблаготворни лека од Снабди телот, да ги слушаш учењата во Куранот, да се покоруваш на неговите наредби, да клањаш намаз и да не правиш големи гревови; при пату вањето кон вечноста, која е од голема, значајна и драгоцена вредност и е како сјајна и раскошна карта, да бидеш подготвен за задгробниот живот, за најблескавите светлини во гробот; Ако имаш волја, слушни ја оваа кратка поучна приказна:

    Едно време, еден војник на бојното поле во борбата, во еден одлучувачки миг на добивка или загуба, паѓа во многу тешка и безизлезна ситуација. Како што следува:

    Добил две длабоки и страшни рани од својата лева и десна страна, а зад него стоел еден огромен лав кој бил готов да му се нафрли. Пред него била поставена бесилка, која ги погубувала сите негови сакани, а истото го чекало и него. Згора на сè, го очекувало и макотрпен пат во прогонство, и покрај неговата тешка и болна ситуација. И додека овој јаден несреќник безна дежно размислувал за својата очајна ситуација, од неговата десна страна се појавил еден добронамерен и благороден човек (Хидир), кој му рекол:

    „Не очајувај! Ќе ти дадам два талисмана и ќе те подучам. Ако ги користиш добро, оној лав ќе се претвори во покорен коњ, а бесилката во пријатна лулка, која ќе ти служи за добро расположение и за излет. Ќе ти дадам и два лека. Ако ги користиш добро, тие две гнили рани ќе се претворат во два убави мирисливи цвета, наречени Розите на Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари). Ќе ти дадам и еден патен билет со кој ќе можеш за еден ден да го поминеш патот што се поминува за една година, небаре имаш крилја. Ете, ако не ми ве - руваш, пробај еднаш и увери се во вистинитоста на она што го зборувам.“

    Војникот навистина пробал нешто од тоа и ја потврдил вистинитоста на овие зборови.

    Да, и јас, односно овој сирот Саид, го потвр дувам тоа, затоа што пробав малку и видов дека тоа е чиста вистина.

    Потоа, од неговата лева страна видел еден човек во налик на ѓавол, измамник, пијаница, сплеткар, целиот накитен со украсни слики, опојни средства, застанал пред него и му рекол:

    „Еј, пријателе! Дојди, дојди заедно да се опиеме и да уживаме. Да ги гледаме сликите на овие убави девојки, да ги слушаме овие мило звучни песни и да ги вкусиме овие пријатни јадења.“

    Прашање: Ха-ха, што е тоа што скришум си го повторуваш во уста?

    Одговор: Еден талисман.

    — Остави ја таа несфатлива работа, не расипувај го нашето добро расположение.

    Прашање: Ха! А што ти е тоа во рацете?

    Одговор: Еден лек.

    — Фрли го тоа. Ти си здрав, ништо не ти е. Сега е време за забава.

    Прашање: Ха! А што ти е тој лист со пет ознаки?

    Одговор: Билет, налог за извршување на должноста.

    — Скини го тоа. Што ќе ни е патување во ова убаво пролетно време? Со секакви лукавштини се обидува да го намами. Сиротиот почнал по малку и да му верува. Да, човекот подлежи на измама. И јас еднаш бев измамен од ваков измамник.

    Ненадејно, од неговата десна страна одекна глас како гром, кој рече:

    „Немој да се излажеш! Кажи му на тој измамник: Ако си способен да го убиеш лавот зад мене, да ја тргнеш бесилката пред мене, да ми ги излечиш раните од десната и левата страна, да го спречиш патувањето – ако постои решение за овие проблеми, најди ги и покажи ги, па да видиме што можеш. Потоа речи: Дојди да уживаме. Во спротивно, молчи, еј глупаку! Нека зборува овој возвишен човек (Хидир), што изгледа како добронамерен и благороден.“

    Еј, нефсу мој, кој во младоста се смееше, а сега плачеш затоа што едно време си се смеел! Знај дека оној сирот си ти; тоа е човекот. Оној лав е смртниот час, а бесилката е смртта, зами нувањето и разделбата, кој секој ќе ги искуси. Деноноќно, еден по друг, нашите пријатели се простуваат од нас и исчезнуваат.

    Од оние две длабоки рани едната е штетна и бесконечна човекова немоќ, а другата е болната и безгранична човекова сиромаштија.

    А прогонот и патувањето претставуваат едно долго и испитно човеково патување, кое почнува од светот на душите, поминува низ мајчината утроба, детството, староста, овој свет, па гробот и задгробниот живот, и завршува со Воскресе нието и мостот Сират.

    Двата талисмана се верата во Аллах и верата во Судниот ден.

    Да, со помош на овие два свети талисмана, смртта прима облик на покорен коњ, со кој верникот излегува од земската зандана и оди во Рајските градини, на прием кај Семилостивиот Владетел.

    Оттука доаѓа и љубовта на духовно возви шените луѓе кон смртта, бидејќи ја имаат осоз наено вистинската реалност. Тие сакаат да починат пред да дојде смртта.

    Разделбата и исчезнувањето, смртта и бесил ката, како и времето што минува, со талисманите на верата примаат облик на средства преку кои со големо задоволство ќе се гледаат и ќе се набљудуваат пројавувањата на Божествената креативност на Создателот, Владетелот на величието, убавините на Неговата моќ, секогаш свежи и во разни бои и чуда, во разновидни везови на Возвишениот Создател.

    Да, промената и обновата на огледалата кои ги покажуваат боите на сончевата светлина и промената на сцените на филмското платно, создаваат уште поубави и попријатни глетки.

    А што се однесува до двата лека, првиот од нив е трпението и верата во Аллах, односно потпирањето врз моќта на Создателот и довер бата во Неговата мудрост. Така ли?

    Да, од што би можел да се плаши човек, кој со документот на слабоста се потпира врз Владетелот на вселената, Кој поседува моќ и во Чија рака се наоѓа наредбата на كُنْ فَيَكُونُ

    Таквиот човек ги издржува и најтешките состојби доверувајќи Му се на својот Семилостив Господар, и со спокоен ум и безгрижно срце си повторува:

    اِنَّا لِلّٰهِ وَ اِنَّٓا اِلَيْهِ رَاجِعُونَ

    Да, оние што го спознале Аллах, чувствуваат сласт во својата немоќ и страв од Аллах. Да во стравот има задоволство. Ако едногодишно бебе би поседувало памет и ако би го прашале: „Која состојба за тебе е најмила и најслатка?“ Тоа би рекло: „Состојбата кога ќе ја сфатам својата немоќ и слабост и кога од предупредувачката нежна шлаканица повторно ќе се засолнам во мајчината прегратка.“

    Меѓутоа, милоста и нежноста на сите мајки е само еден одблесок од одразите на неизмерните Божествени милости. Затоа, духовно возвишените луѓе во својата немоќ и страв од Аллах наоѓаат такво задоволство, што во целост се одрекуваат од која било снага и моќ, и во својата слабост бараат засолниште кај Севишниот, и беспомошноста и стравот ги претвораат во нивни посредници и се залагаат за големиот Создател.

    А вториот лек е повикот и молитвата кон Аллах, а потоа задоволувањето со она што ни го дал, благодарноста до Него и довербата во милосрдието на Дарувачот на благосостојбата, Милосрдниот.

    Така ли? Да, како можат сиромаштијата и потребата да бидат болни и тешки за гостинот на Највеликодушниот Дарувач, гостинот на Оној Кој целата земја ја претворил во трпеза од благодати, а пролетта во букет од цвеќиња, кој го ставил до богатата трпеза и ја распослал по неа? Напротив, тој можеби својата сиромаштија и потреба ја прифаќа како еден вид апетит кон благодатите, и се стреми да ја зајакне сиромаштијата како што некој се стреми да го зајакне апетитот. Затоа духовно возвишените луѓе се гордеат со сиромаштијата. Внимавај да не сфатиш погрешно! Тоа значи да ја сфатиш својата сиромаштија кон Аллах и да Го молиш, а не својата сиромаштија да ја покажуваш на светот околу тебе и тоа да ти биде причина за просење.

    Што се однесува до оној патен билет, односно документ – тоа е намазот, извршување на верските должности и избегнување на големите гревови. Така ли?

    Духовно возвишените луѓе и оние што тоа го виделе, оние што тоа го почувствувале и оние што поседуваат способност, духовно искуство да го видат невидливото, се согласиле дека на тој долг мрачен пат кон вечноста, патните потреби, светлината и превозното средство може да се здобијат само со потчинување на наредбите на Светиот Куран и со воздржување од забранетото. Инаку, ниту науката, ниту филозофијата, ниту уметноста, ниту мудроста на тој пат немаат никаква вредност; нивното светло е само до вратата на гробот.

    Еј, мој мрзлив нефсу! Ако имаш ум и ако не ти е изветреан, ќе сфатиш колкава е ползата и колку важни и големи се плодот и исходот од клањањето намаз петпати дневно и откажувањето од седумте големи гревови. Тогаш, на оној што те наведува на грев и разврат и на ѓаволот, ќе им речеш:

    „Ако располагаш со средства со кои ќе ја убиеш смртта и со кои ќе ја отстраниш пропаста на земјата, ќе го ослободиш човекот од немоќта и сиромаштијата, и ако можеш засекогаш да ја затвориш вратата на гробот, тогаш кажи да чуеме. Во спротивно молчи! Во оваа голема монументална џамија на вселената, Светиот Куран ги чита ајетите на целокупното постоење. Да Го послушаме Него: да се просветлиме со неговата светлина. Да постапиме според неговото упатство и секојдневно да го читаме и величиме.

    Да, Тој е Слово и така се вели за него. Тој е вистина, доаѓа од вистината, ја зборува само вистината, укажува на вистината ширејќи светла мудрост врз светот!“

    اَللّٰهُمَّ نَوِّرْ قُلُوبَنَا بِنُورِ الْاِيمَانِ وَالْقُرْآنِ اَللّٰهُمَّ اَغْنِنَا بِالْاِفْتِقَارِ اِلَيْكَ وَلَاتُفْقِرْنَا بِالْاِسْتِغْنَاءِ عَنْكَ تَبَرَّاْنَا اِلَيْكَ مِنْ حَوْلِنَا وَقُوَّتِنَا وَالْتَجَئْنَا اِلٰى حَوْلِكَ وَقُوَّتِكَ فَاجْعَلْنَا مِنَ الْمُتَوَكِّلِينَ عَلَيْكَ وَلَا تَكِلْنَا اِلٰى اَنْفُسِنَا وَاحْفَظْنَا بِحِفْظِكَ وَارْحَمْنَا وَارْحَمِ الْمُؤْمِنِينَ وَالْمُؤْمِنَاتِ وَصَلِّ وَسَلِّمْ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ عَبْدِكَ وَنَبِيِّكَ وَصَفِيِّكَ وَخَلِيلِكَ وَجَمَالِ مُلْكِكَ وَمَلِيكِ صُنْعِكَ وَعَيْنِ عِنَايَتِكَ وَشَمْسِ هِدَايَتِكَ وَلِسَانِ حُجَّتِكَ وَمِثَالِ رَحْمَتِكَ وَنُورِ خَلْقِكَ وَشَرَفِ مَوْجُودَاتِكَ وَسِرَاجِ وَحْدَتِكَ فِي كَثْرَةِ مَخْلُوقَاتِكَ وَكَاشِفِ طِلْسِمِ كَائِنَاتِكَ وَدَلَّالِ سَلْطَنَةِ رُبُوبِيَّتِكَ وَمُبَلِّغِ مَرْضِيَّاتِكَ وَمُعَرِّفِ كُنُوزِ اَسْمَائِكَ وَمُعَلِّمِ عِبَادِكَ وَتَرْجُمَانِ آيَاتِكَ وَمِرْآةِ جَمَالِ رُبُوبِيَّتِكَ وَمَدَارِ شُهُودِكَ وَاِشْهَادِكَ وَحَبِيبِكَ وَرَسُولِكَ الَّذِي اَرْسَلْتَهُ رَحْمَةً لِلْعَالَمِينَ وَعَلٰى آلِهِ وَصَحْبِهِ اَجْمَعِينَ وَعَلٰى اِخْوَانِهِ مِنَ النَّبِيِّينَ وَالْمُرْسَلِينَ وَعَلٰى مَلٰئِكَتِكَ الْمُقَرَّبِينَ وَعَلٰى عِبَادِكَ الصَّالِحِينَ آمِينَ