Translations:On Dokuzuncu Lem'a/43/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Еден од моите ученици многу упорно настојуваше да примам подарок од него – околу две и пол ока мед – и на тој начин да си го нарушам законот на животот. Колку и да му ја објаснував неопходноста да се придржувам кон своите принципи, тој не се убеди. Бев принуден да го примам медот со намера да го поделам со тројца браќа што беа со мене во собата. Тие требаше да каснат по малку од него, во период од четириесет дена за време на месец Шабан и благословениот Рамазан. На тој начин, дарителот ќе го добиеше својот вознес за гестот, а и тие немаше да останат без десерт. Ги посоветував да го земат подарокот за нив, зашто јас располагав со една ока мед. Моите тројца пријатели беа вистински читави и скромни луѓе, од оние што исклучително многу ја ценат штедливоста, но во секој случај, и тие ја заборавија бидејќи пројавија заемна великодушност, се грижеа за другите, беа посветени еден кон друг и имаа и други слични квалитети, така што медот им се истроши само за три ноќи.