Translations:On Dokuzuncu Lem'a/67/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Резиме: Прекумерноста и непотребноста раѓаат недостиг на скромност во употребата на добрата, односно пројавува алчност, а таа го убива ентузијазмот за работа, ги фрла луѓето во безделништво и мрзеливост и ја отвора пред нив вратата на тагата и на оплакување од животот, додека не ги натера вечно да офкаат од раните на жалбите и здодевноста.([1]) Алчноста ја расипува искреноста и ја отвора вратата на лицемерието и дволичноста пред луѓето, така што силата им се намалува и се насочуваат по патот на просењето и самопонижувањето.

    A штедливоста ги дава плодовите на задоволството со малку и непретенциозноста раѓа сила врз основа на пророчкиот хадис:

    1. Да, ако сретнеш некој богат човек, безусловно ќе чуеш многу жалби од него, и колку и да е богат, неговиот јазик сѐ се оплакува. А, ако сретнеш сиромашен што се задоволува со малку, нема да чуеш нешто друго од него, освен благодарност кон Аллах и похвала.