Translations:Onuncu Söz/365/mk
И приемливо ли е за разумот, на кој и да е начин, дека Семоќниот, Семудриот, Носителот на сеопфатното милосрдие, на врвната љубов, на универзалното сочувство, Оној Кој Си го обожава ремек-делото, ги упатува своите соз- данија да го обожуваат и Неговата љубов е особено силна кон вљубените во Него, логично ли е Тој да го уништи животот на оние што се обземени од најголема љубов кон Него, сакани се и достојни се за љубовта и природно го боготворат својот Создател? И исто така да ги уништи јадрото и срцевината на животот – духот, преку вечната смрт и преку крајното отстранување? И да предизвика отуѓување меѓу Него и вљубените во Него, и да им предизвика најмачни страдања, и на тој начин да го изложи на негирање таинството на Своето милосрдие и светлината на Својата љубов? Не, и илјадници пати не!