Translations:Onuncu Söz/418/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Секој плод, секоја трева, секое дрво има дела, функции, богослужение во форма со која во него се откриваат Најубавите Божји Имиња. Сите овие дела, во склоп со историјата на животот на соодветното растение се вклучени во сите негови семиња и зрна, и сите тие ќе се појават во друга пролет и на друго место. Односно, како што раскажува исклучително красноречиво со јазикот на својот образ и надворешен вид за делата на своите претходници, така и ги развива свитоците на своите дела – ги шири гранките, ги разлистува своите лисја и ги истура своите плодови.

    Да, Оној Кој го прави сето ова пред нашите очи со исклучителна мудрост, скромност, грижа, внимание, великодушност и добрина, е истиот Оној Кој вели:

    اِذَا الصُّحُفُ نُشِرَتْ