Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/111/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Исто така, и човекот, кој од ништо стигнал до постоење, тело (вуџуд), не станал ниту камен, ниту дрво, ниту пак животно, туку станал човек, муслиман и најважно – здрав, па со здравјето и телесната снага успеал да достигне до високи степени на благодати. Ако подоцна во таа состојба му излезат некои пречки поради кои нема да биде удостоен со нимети како што се здравјето, крепкоста или, пак, ги загуби поради лош избор, злоупотреба, или затоа што не успеал да дојде до нив, и ако почне поради сето ова да се жали покажувајќи нестрпливост, ќе воздивне: „Аман, што имам направено, па ова ми се случува!?“ Притоа, ако почне да го критикува Аллаховото господарење, тогаш таквата состојба е духовна болест, многу потешка и понесреќна од обична физичка болест, слично на тепачка со скршени раце, каде што тој со жалење уште повеќе ја зголемува својата болка.