Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/114/mk
Со самеданскиот израз на Есмау’л Хусна се истакнува дека сите имиња се со Севозвишена Убавина (Џемил’и Зулџелал). И во внатрешноста на сè што постои, животот претставува најубаво нешто, најцелосно Огледало на Самедијетот. Огледалото на убавото е убаво. Огледалото што ја покажува убавината на убавиот, и самото станува убаво. Како што таа убавина во огледалото ја одразува својата убавина, така и сè што се случува во животот, во поглед на вистината, е убаво, бидејќи ги прикажува убавите врски на Есмау’л Хусна.