Translations:Yirmi Beşinci Lem'a/142/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Постојат многу мудрости сврзани со животот на детето, како што е и мудроста дека болеста на недолжните деца претставува вежба на слабото тело, навикнување и вакцина што ќе создаде отпорност кон идните тешкотии на овој свет и воспитување од Аллах. Болеста за децата е како инјекција, која ќе биде причина за нивното духовно и идно напредување, или пак, напредување во ахиретот, како што за возрасните е причина за прочистување од гревовите (кеффарету’з зунуб). Севапите што доаѓаат поради болестите на децата се испишуваат во тетратките на делата на нивните родители, а особено се испишуваат на страниците на добрите дела на мајката, која со тајната на милоста, здравјето на детето го става пред своето здравје. Сето ова е потврдено од најискрените.