64.622
düzenleme
("Еј, ти болен човеку, кој се откажуваш од благодарноста и почнуваш да се жалиш! За да можеш да се жалиш, мора да постои причина. Тебе не ти е скратено ништо, а сепак се жалиш. Можеби има толку многу благодарности што требало да ги направиш, а ти не си им се о..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ الَّذٖى هَدٰينَا لِهٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَه۟تَدِىَ لَو۟لَٓا اَن۟ هَدٰينَا اللّٰهُ لَقَد۟ جَٓاءَت۟ رُسُلُ رَبِّنَا بِال۟حَقِّ" içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
(Aynı kullanıcının aradaki diğer 29 değişikliği gösterilmiyor) | |||
248. satır: | 248. satır: | ||
Еј, ти болен човеку, кој се откажуваш од благодарноста и почнуваш да се жалиш! За да можеш да се жалиш, мора да постои причина. Тебе не ти е скратено ништо, а сепак се жалиш. Можеби има толку многу благодарности што требало да ги направиш, а ти не си им се оддолжил. Но, ако со неоддолжување Му се жалиш на Возвишениот Праведник, тоа е како да го бараш бесправно своето право. Не можеш да се жалиш гледајќи ги оние чие здравје е на повисоко ниво од твоето. Сигурно е дека си должен да бидеш благодарен гледајќи ги оние беспомошни болни лица, кои во поглед на здравјето се на пониско ниво од твоето. Ако раката ти е скршена, погледни ги оние чии раце се отсечени. Ако немаш едно око, погледни ги оние што се слепи и ги немаат и двете очи. Заблагодари Му се на Аллах. | Еј, ти болен човеку, кој се откажуваш од благодарноста и почнуваш да се жалиш! За да можеш да се жалиш, мора да постои причина. Тебе не ти е скратено ништо, а сепак се жалиш. Можеби има толку многу благодарности што требало да ги направиш, а ти не си им се оддолжил. Но, ако со неоддолжување Му се жалиш на Возвишениот Праведник, тоа е како да го бараш бесправно своето право. Не можеш да се жалиш гледајќи ги оние чие здравје е на повисоко ниво од твоето. Сигурно е дека си должен да бидеш благодарен гледајќи ги оние беспомошни болни лица, кои во поглед на здравјето се на пониско ниво од твоето. Ако раката ти е скршена, погледни ги оние чии раце се отсечени. Ако немаш едно око, погледни ги оние што се слепи и ги немаат и двете очи. Заблагодари Му се на Аллах. | ||
Да, никој нема право да се жали гледајќи ги оние чиишто благодати се над неговите. Треба да се гледаат оние што се над нас во поглед на несреќите што сите нè погодуваат, и затоа треба да се биде благодарен. Оваа тајна во некои пораки е објаснета со пример: | |||
Еден човек искачувал беспомошно лице на врвот на минарето. Врз секој степеник се наоѓал по еден ихсан (духовна убавина со која е даруван), по еден подарок што ќе му биде даден. На самиот врв се нудел најголемиот подарок. Како возврат за тие подароци, од него се очекувало благодарност, но кога тој пргав човек би заборавил на сите тие разновидни подароци врз степениците што ги поминувал сметајќи ги за безвредни, без да се заблагодари гледал нагоре и велел: „Камо среќа ова минаре да беше повисоко, да можев уште погоре да се искачам. Зошто не е високо како онаа планина, или пак, како она друго минаре?“ Колку неблагодарен би бил кон благодатите и каква неправда би чинел ако се жалиш... | |||
Исто така, и човекот, кој од ништо стигнал до постоење, тело (вуџуд), не станал ниту камен, ниту дрво, ниту пак животно, туку станал човек, муслиман и најважно – здрав, па со здравјето и телесната снага успеал да достигне до високи степени на благодати. Ако подоцна во таа состојба му излезат некои пречки поради кои нема да биде удостоен со нимети како што се здравјето, крепкоста или, пак, ги загуби поради лош избор, злоупотреба, или затоа што не успеал да дојде до нив, и ако почне поради сето ова да се жали покажувајќи нестрпливост, ќе воздивне: „Аман, што имам направено, па ова ми се случува!?“ Притоа, ако почне да го критикува Аллаховото господарење, тогаш таквата состојба е духовна болест, многу потешка и понесреќна од обична физичка болест, слично на тепачка со скршени раце, каде што тој со жалење уште повеќе ја зголемува својата болка. | |||
Паметна постапка би била преку тајната: | |||
لِكُلِّ مُصٖيبَةٍ اِنَّا لِلّٰهِ وَاِنَّٓا اِلَي۟هِ رَاجِعُونَ | |||
Да се предаде и да се стрпи додека болеста си ја одигра својата улога и исчезне. | |||
< | <span id="On_Dokuzuncu_Deva"></span> | ||
== ДЕВЕТНАЕСЕТТИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Со самеданскиот израз на Есмау’л Хусна се истакнува дека сите имиња се со Севозвишена Убавина (Џемил’и Зулџелал). И во внатрешноста на сè што постои, животот претставува најубаво нешто, најцелосно Огледало на Самедијетот. Огледалото на убавото е убаво. Огледалото што ја покажува убавината на убавиот, и самото станува убаво. Како што таа убавина во огледалото ја одразува својата убавина, така и сè што се случува во животот, во поглед на вистината, е убаво, бидејќи ги прикажува убавите врски на Есмау’л Хусна. | |||
Кога животот постојано би течел во здравје и крепост, тогаш сè би било како огледало со недостатоци. Можеби тоа здравје и таа крепкост во внатрешноста на тој едноличен живот, во еден вид би оддавале чувство на непостоење, изумирање и исчезнување, и со самото тоа би предизвикале здодевност и неспокој, би ја намалиле вредноста на животот, така што сладоста на векот би се прикажала како здодевност. За да му помине времето побрзо, човекот се фрла самиот себеси во бесцелна забава. Слично на времето што го минува во затвор постапувајќи спрема тоа вредно време како непријател, го уништува, сакајќи што побрзо да помине. | |||
Меѓутоа, животот, кој е во постојана промена и движење и кој минува низ разни ситуации, ни укажува на значењето и на уживањата на времето и ни дава да ја чувствуваме неговата вредност. Дури и во немаштија и тешкотија, човекот не сака да му помине векот. Поради здодевност, тој не офка со „уф, уф“, зборувајќи во смисла „Аман, сонцето не изгреа или ноќта сè уште не помина!“ | |||
Да, прашај го богатиот господин неработник, кој времето го поминува во лежење и одморање и кому ништо не му недостасува: | |||
„Како си?“ | |||
Сигурно е дека од него ќе слушнеш поплаки од типот на: „Аман, времето никако да помине, ајде дојди да одиграме некоја партија табла или да побараме нешто интересно за да ни мине времето.“ Или, пак, ќе слушнеш поплаки што доаѓаат поради непресушни желби, како на пример: „Уште ова ми недостасува, камо среќа да можев уште оваа работа да ја завршам.“ | |||
Прашај го и оној што е во немаштија, или е обичен работник, или пак, е во постојана работа: | |||
„Како си?“ | |||
Ако има памет, ќе каже: | |||
„Сполај му на мојот Раб, добро сум, работам, камо среќа сонцето уште малку да не зајдеше и да можев да ја завршам оваа работа. Времето бргу минува, животот не стои, си одминува. Се мачам, но и тоа ќе помине. Сè вака брзо минува.“ Смислата на жалењето за минувањето на животот, всушност ја докажува неговата духовна вредност. | |||
Значи, со работа се разбира сласта на векот и вредноста на животот. Излежувањето и неработењето го загорчуваат векот и човекот посакува бргу да помине. | |||
'''Еј, ти, болен брату!''' Како што подетално и на недвосмислен начин е објаснето во другите пораки, основата и суштината на несреќите и шеровите, па дури и на гревовите, е нивното непостоење. Непостоењето претставува шер и темнина. Состојбите на монотоното одморање, тишина, неподвижност, поради својата блискост со непостоењето и ништожноста ја навестуваат темнината на непостоењето, па вознемируваат. Движењето и промените значат постоење, даваат чувство за постоење. Постоењето, пак, е потполна добрина и светлина. | |||
Штом вистината е ваква, тогаш таа болест за твоето тело е како гостин кој е пратен поради многу должности, какви што се: да очисти, да оснажи и да помогне во напредувањето на тој вреден живот, да ги насочи и другите органи на телото на помош кон околината на друг заболен орган и да ги прикаже врските помеѓу разновидните имиња на Мудриот Создател (Сани’и Хаким). Иншаллах својата должност ќе ја исполни бргу и ќе си замине, и на здравјето ќе му рече: „Дојди ти на моето место, остани постојано и исполни ја својата должност. Оваа куќа е твоја и имај пријатен помин.“ | |||
< | <span id="Yirminci_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТТИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, ти болен човеку, кој за својата мака бараш лек! Болеста има два дела. Првиот дел е вистински, а вториот вообразен (нереален). Што се однесува до вистинскиот дел, Шафи’и Хаким’и Зулџелал површината на оваа земја ја направил огромна аптека и во неа ги поредил лековите за сите болести. Тие лекови, пак, ги бараат своите болести. На секоја мака ѝ создал лек. Да се земаат лекови поради лечење и да се користат е исправно, но притоа треба да се знае дека дејството при оздравувањето е од Возвишениот Хак. Како што Тој ја дава болеста, така го дава и оздравувањето. | |||
Придржувањето кон препораките и советите на искусен, способен и побожен лекар претставува важен лек, бидејќи многу болести се јавуваат поради неумереност во јадењето, злоупотреба, расипништво, грешка, разврат и невнимание. Побожниот лекар во рамките на дозволеното ќе даде совети и поуки. Ќе ги забрани злоупотребата и расипништвото и ќе даде утешни зборови. Болниот има доверба во поуките и утешните зборови и му олеснува, и наместо неспокојство, му даваат спокој. | |||
Но, доколку се работи за вообразена болест, нејзин највлијателен лек е да не ѝ се даде важност. Колку повеќе ѝ се дава важност, таа толку повеќе се дуе и се зголемува. Доколку не ѝ се обрне внимание и важност, таа се смалува и се распаѓа. | |||
Како што пчелите уште повеќе му се собираат околу главата на човекот што ги вознемирува, така и ако не им обрне внимание, тие се растураат. Притоа, ако човекот во темнина на еден обичен конец што се ниша пред неговите очи му обрне внимание во неговата вообразба, тогаш тој се зголемува и може да го натера човекот во безглаво бегство. Но, ако не му обрне внимание и ако забележи дека се работи за обичен конец, а не за змија, си се смее на самиот себеси. | |||
Доколку оваа вообразена „замислена“ болест продолжи, може да се претвори во вистинска болест, особено за плашливци и емотивно лабилни личности таа е многу тешка болест – од зрно прави товар и се крши духовното чувство. Особено ако такви личности стигнат во рацете на некој полулекар што нема милост, или пак, несовесни лекари што немаат човечност, тие уште повеќе ќе ја предизвикаат болеста. Па, ако си богат, ќе ти отиде богатството и на крај ќе останеш или без памет, или без здравје. | |||
< | <span id="Yirmi_Birinci_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ПРВИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, болен брату! Во твојата болест постои физичка болка, меѓутоа тебе те опсенила една битна духовна сладотија која ќе го тргне влијанието на таа физичка болка. Бидејќи, доколку имаш татко, мајка и роднини, секако дека твојата физичка болка станува незначителна кон будењето на околу тебе веќе одамна заборавената и многу пријатна нивна милост, и кон повторното доживување на нивните благи погледи како во времето кога си бил дете, исто така и кон благите погледи на пријателите привлечени од твојата болест, чиишто пријателства останале околу тебе скриени зад завеса. | |||
Притоа, стануваш и господин над господата бидејќи личностите на кои ти со задоволство си им правел услуги за да ја стекнеш нивната љубезност, под влијание на твојата болест, со милост ти излегуваат во пресрет. Притоа, привлекувајќи го кон себе човечкото сожалување кое човек го чувствува кон својот вид, од ниту еден наеднаш си нашол многу пријатели, другари и оние што ќе ти помогнат. И пак поради болеста прекинуваш, се одмораш од толку напорни работи. | |||
Секако дека твојата мала болка кон овие духовни уживања не смее да биде причина да се жалиш од неа, туку таа мора да те упати на благодарност. | |||
< | <span id="Yirmi_İkinci_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ВТОРИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, ти брату, што си погоден од тешка болест, како што е парализата! Како прво, сакам да те израдувам. Парализата за верниците (мумините) се вбројува во благопријатни (мубарек) болести. Ова одамна го имам слушнато од оние што се на степен на евлија (продуховени), но тајната не ја знаев. Една од тајните на ваков начин ја чувствувам во срцето: | |||
За да дојдат до Возвишениот Хак, за да се спасат од овосветските огромни духовни опасности и за да си осигураат вечна среќа, Ехлуллах (продуховените) имаа одбрано и следеа два основни принципа, и тоа: | |||
'''Прв:''' Потсетување на смртта (Рабита’и мевтт). Како што е овој свет минлив, така и за себе размислувале дека се минливи гости со свои должности на овој свет, па и за следниот живот работеле со ентузијазам. | |||
'''Втор:''' За да се спасат од опасностите кон кои ги води нивниот нефс’и еммаре (душа наклонета да чини зло), и слепите чувства, со измачување и со подложување кон тешки режими настојувале да го уништат својот нефс’и еммаре. | |||
Ти, брату, што си го изгубил здравјето од половината од твоето тело! Не прашувајќи ја твојата желба, тебе ти се дадени две вистини, кратки и лесни, што ќе те усреќат. Состојбата на твоето тело постојано ќе те тера да внимаваш на минливоста на човекот и на овој свет. Овој свет нема да те гуши повеќе, занесот не може да ти ги затвори очите. Душата наклонета да чини зло (нефс’и еммаре) сигурно е дека не може да го излаже со ниски нагони и чезнеења човекот со половина тело, бргу ќе се спаси од последиците на тој нагон. | |||
Значи, муминот со тајната на иманот, со верноста и потпирањето на Аллах, за кратко време може да има полза од болеста каква што е парализата, полза во смисла на мачење и воздржување како евлија. И тогаш таа болест станува безначајна. | |||
< | <span id="Yirmi_Üçüncü_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ТРЕТИ ЛЕК == | |||
</ | |||
Еј, ти, беспомошен болен човеку, што немаш никого! Ако твојата болест заедно со твојата самотија и туѓина можат да ги разнежнат и најладните срца и да ги привлечат нивните сожаливи погледи, секако дека твојата врска со иманот кон твојот Семилосен Создател (Халик’и Рахим) и твојата молитва, молитва на болен човек, со јазикот на слабоста, откако Го имаш спознаено Него, оваа твоја болест во самотија и во туѓина, повеќе од сè ќе ги привлече кон тебе погледите на Неговата милост, на Оној Кој на почетоците на сите Сури од Куранот ни се претставува во својство на Рахману’р Рахим (Милостив и Семилосен) и Оној Кој со искра на преубава милост преку сите мајки ги одгледува сите чеда и Кој секоја пролет со искрата на Својот рахмет ја пополнува површината на земјата со разнородни нимети (благодати), чија само една искра на милост е Џеннетот со своите убавини, којшто е место на вечен живот. Штом тој постои и внимава на тебе, за тебе сè постои. | |||
Оној што Нему не Му е приврзан со иман и верност, или не ѝ дава вредност на таа врска, се наоѓа во вистинска туѓина и без никого. | |||
< | <span id="Yirmi_Dördüncü_Deva"></span> | ||
== ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТИ ЛЕК == | |||
Еј, вие што негувате болни безгрешни деца и старци што се како деца! Пред вас се наоѓа една многу важна зделка за ахирет. Спечалете ја со желба и упорност. | |||
Постојат многу мудрости сврзани со животот на детето, како што е и мудроста дека болеста на недолжните деца претставува вежба на слабото тело, навикнување и вакцина што ќе создаде отпорност кон идните тешкотии на овој свет и воспитување од Аллах. Болеста за децата е како инјекција, која ќе биде причина за нивното духовно и идно напредување, или пак, напредување во ахиретот, како што за возрасните е причина за прочистување од гревовите (кеффарету’з зунуб). Севапите што доаѓаат поради болестите на децата се испишуваат во тетратките на делата на нивните родители, а особено се испишуваат на страниците на добрите дела на мајката, која со тајната на милоста, здравјето на детето го става пред своето здравје. Сето ова е потврдено од најискрените. | |||
Како преку вистински кажувања, така и со многубројни примери од порано, потврдено е дека негувањето на старците, покрај заработување на многу севапи, добивање на нивниот благослов, а особено ако тоа се таткото или мајката, да се задоволат нивните срца и верно да им се служи, претставува причина за среќа на овој свет и среќа за во ахирет. Уште со многу примери е потврдено дека среќно чедо, што е послушно кон своите родители, истото ќе го дочека и од своите деца. Исто така, и несреќно чедо што ќе покаже непослушност кон своите родители и кон нив се однесува со непочитување, покрај тоа што во ахиретот ќе поднесува тешки маки, и на овој свет ќе го стигне казна и ќе доживее многу несреќи. | |||
Да, негувањето на стари и невини не се однесува само на нивните роднини, зашто ако според тајната на иманот постои вистинско братство, тогаш несебичната помош на еден припадник на иманот, на тој беден старец зависен од нив претставува потреба на исламот. | |||
<span id="Yirmi_Beşinci_Deva"></span> | |||
== ДВАЕСЕТ И ПЕТТИ ЛЕК == | |||
Еј, вие болни браќа! Доколку сакате еден возвишен и полезен лек што ќе донесе спас за сите ваши маки и што навистина е сладок, усовршете го својот иман – односно со покајување и со молба кон Аллах за простување, со намазот и со ибадетите (молитвите) искористете го иманот, тој „свет“ тиријак (лек што се корис- ти за брзо оздравување од сите болести и разни труења) и лековите што произлегуваат од него. | |||
Да, оние што го сакаат овој свет и се врзани за него како ехл’и гафлет (оние што се невнимателни и во заблуда), поради таа љубов и поради поврзаноста со овој свет имаат болно духовно тело големо колку што е и овој свет. Што се однесува до иманот, а тоа во многу пораки недвосмислено го докажавме, одеднаш го лечи тоа духовно тело рането од ударите на исчезнувањето и разделбите и кое е полно со рани и лузни, отстранувајќи ги раните духовното тело вистински оздравува. Сега не би сакал да ве заморувам и кратко ќе речам: | |||
Што се однесува до иманот како лек, тој своето дејство го прикажува со исполнувањето на фарзовите што е можно повеќе. Гафлетот и сефахетот (распуштеноста и развратот) и хевесати нефсаније и левхијати гајри мешруа (нагонските копнеења и уживања што не се алал), го спречуваат влијанието на тој тиријак (лек). Со оглед на тоа дека болеста спасува од гафлет, го уништува чезнеењето и станува пречка за влегување во забранети уживања, тогаш искористете го. Со покајување и барање прошка, со молитва и со нијаз, искористете ги возвишените лекови и светлината на вистинскиот иман. | |||
Нека Возвишениот Праведник ви подари оздравување, а вашите болести ги направи причина за прочистување од гревовите (кеффарету’з зунуб). Амин, амин, амин! | |||
اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ الَّذٖى هَدٰينَا لِهٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَه۟تَدِىَ لَو۟لَٓا اَن۟ هَدٰينَا اللّٰهُ لَقَد۟ جَٓاءَت۟ رُسُلُ رَبِّنَا بِال۟حَقِّ | اَل۟حَم۟دُ لِلّٰهِ الَّذٖى هَدٰينَا لِهٰذَا وَمَا كُنَّا لِنَه۟تَدِىَ لَو۟لَٓا اَن۟ هَدٰينَا اللّٰهُ لَقَد۟ جَٓاءَت۟ رُسُلُ رَبِّنَا بِال۟حَقِّ | ||
سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ | سُب۟حَانَكَ لَا عِل۟مَ لَنَٓا اِلَّا مَا عَلَّم۟تَنَٓا اِنَّكَ اَن۟تَ ال۟عَلٖيمُ ال۟حَكٖيمُ | ||
اَللّٰهُمَّ صَلِّ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ طِبِّ ال۟قُلُوبِ وَ دَوَائِهَا وَ عَافِيَةِ ال۟اَب۟دَانِ وَ شِفَائِهَا وَ نُورِ ال۟اَب۟صَارِ وَ ضِيَائِهَا وَ عَلٰى اٰلِهٖ وَ صَح۟بِهٖ وَ سَلِّم۟ | اَللّٰهُمَّ صَلِّ عَلٰى سَيِّدِنَا مُحَمَّدٍ طِبِّ ال۟قُلُوبِ وَ دَوَائِهَا وَ عَافِيَةِ ال۟اَب۟دَانِ وَ شِفَائِهَا وَ نُورِ ال۟اَب۟صَارِ وَ ضِيَائِهَا وَ عَلٰى اٰلِهٖ وَ صَح۟بِهٖ وَ سَلِّم۟ | ||
<div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> | <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> |
düzenleme