66.901
düzenleme
("Во дваесет и осмото својство на животот е објаснето дека тој ги потврдува шесте столба на верата, се насочува кон нив и укажува на нивното реализирање." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("Сите докази, средбите и беседите што укажуваат на постоењето на ангелите и функциите на нивното богослужение, сами по себе се аргументи за постоењето на светот на духовите, светот на невидливото, светот на вечноста, Задгробниот свет и светот на блаже..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
874. satır: | 874. satır: | ||
Во дваесет и осмото својство на животот е објаснето дека тој ги потврдува шесте столба на верата, се насочува кон нив и укажува на нивното реализирање. | Во дваесет и осмото својство на животот е објаснето дека тој ги потврдува шесте столба на верата, се насочува кон нив и укажува на нивното реализирање. | ||
Да, додека животот продолжува да биде мудрост при создавањето на вселената и нејзиниот најважен резултат и суштина, оваа возвишена вистина нема да се ограничи само на минливиот, краток, порочен и мачен земски живот. Туку, целта и резултатот на дрвото на животот, чија големина може да се реализира со своите дваесет и девет својства, неговиот плод, достоен за големината на ова дрво, е единствено вечниот и задгробен живот, домот на бесмртната среќа, во кој дури и камењата, почвата и дрвјата се исполнети со живот. | |||
Инаку, дрвото на животот, снабдено со такви разновидни и многубројни инструменти во одухотворените созданија, а особено во човекот, би останало бесплодно, бесполезно, невистинско, а тој би останал осуден, беден, клет, понижен, и во однос на животната среќа би стоел дваесет пати пониско од врапчето и покрај тоа што е највозвишеното создание и најученото живо суштество, и го надминува врапчето барем дваесет пати. | |||
И разумот, кој е највредниот дар за човекот, за него се претвора во суд и проблеми кога се одразува на тагата на поминатото време и на стравот од иднината. Неговото срце постојано се измачува и сладоста на едно задоволство се помрачува од девет маки. Нема сомнеж дека тоа е стопроцентна лага. | |||
Следствено, земниот живот категорично го потврдува столбот на верата во задгробниот живот преку појавата на повеќе од триста илјади примероци на Воскресението секоја пролет пред нас. | |||
Можно ли е Семоќниот Господар, Кој обезбедува сè што е неопходно за твојот живот, задоволувајќи ги потребите поврзани со него, ти ги обезбедува сите потребни инструменти и додатоци, независно дали се за твоето тело, за градината или за твојата земја, и ги испраќа во соодветното време со мудрост, грижа и милосрдие, па дури ги знае и потребите на твојот стомак од храната која ти гарантира опстанок и долговечност, и го слуша специфичниот и делумен повик на стомакот за прехрана покажувајќи дека тој реагира со слатка и постојана храна испратена од Него за да го засити гладот... Можно ли е овој Семоќен Распоредувач да не те познава? И да не те гледа? И да не ги подготви неопходните услови за најголемата човечка цел – вечниот живот? И да не одговори на најголемиот, најважниот и најопштиот повик – оној за бесмртност и вечност? И да не го прифати, не создавајќи го задгробниот живот и не создавајќи го Рајот? И да не го чуе повикот на човекот – на највозвишеното создание во вселената, кој е, всушност, владетелот на земјата и нејзиниот плод? Овој сеопшт силен повик, кој излегува од длабочините на душата и ги растресува небесата и земјата... И можно ли е Семоќниот да не му го оддаде значењето што му го оддава на повикот на малиот стомак, и да не го задоволи човекот? И Својата совршена мудрост и Своето апсолутно милосрдие да ги изложи на ризик да бидат негирани? Не, и илјадници пати не! | |||
И логично ли е Тој да го чуе најтивкиот глас на најмалото живо суштество, да ги слушне неговите поплаки и да пристигне напомош, да се смили над него, да го одгледа со совршена грижа, со целосна заштита, со исклучително внимание, потчинувајќи му го најголемото создание во вселената, а потоа да не го чуе, сличниот на грмотевица, глас на најголемата, највозвишената, префинета и најтрајната форма на живот? И логично ли е тој да не се интересира за најважната човечка молба – онаа за бесмртност, и да не го види смирението на луѓето, да не забележи на што се надеваат и колку се богоугодни, и да биде како некој единствен војник што со совршена трудољубивост ја опремил и наоружил целата своја огромна и подвласна армија, но ја оставил без никакви грижи? Или како некој што го гледа зрното, а не го забележува сонцето, или го слуша брмчењето на комарците, а е глув за небесните грмотевици? Не, и илјадници пати не! | |||
И приемливо ли е за разумот, на кој и да е начин, дека Семоќниот, Семудриот, Носителот на сеопфатното милосрдие, на врвната љубов, на универзалното сочувство, Оној Кој Си го обожава ремек-делото, ги упатува своите соз- данија да го обожуваат и Неговата љубов е особено силна кон вљубените во Него, логично ли е Тој да го уништи животот на оние што се обземени од најголема љубов кон Него, сакани се и достојни се за љубовта и природно го боготворат својот Создател? И исто така да ги уништи јадрото и срцевината на животот – духот, преку вечната смрт и преку крајното отстранување? И да предизвика отуѓување меѓу Него и вљубените во Него, и да им предизвика најмачни страдања, и на тој начин да го изложи на негирање таинството на Своето милосрдие и светлината на Својата љубов? Не, и илјадници пати не! | |||
Нема сомнеж дека апсолутната убавина, која преку нејзината појава ја разубавила и раскрасила оваа вселена, и апсолутното милосрдие, кое ги просветлило сите созданија и им придало убавина, се бескрајно и безгранично пречисти и пресвети, и никако не им е својствена таква суровост, таква апсолутна жестокост и апсолутно угнетување. | |||
''' | |||
'''Заклучок:''' Штом има живот на овој свет, би требало луѓето, кои му ја сфаќаат тајната и не го користат животниот век за лоши дела, да се достојни за вечен живот во вечен дом, во вечен Рај. Поверувавме и прифативме! | |||
<div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> | <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> |
düzenleme