68.380
düzenleme
("Да, во Четвртиот Одблесок, кој го разработува ајетот во Куранот „Нам Аллах ни е доволен и прекрасен старешина“, појаснето и потврдено е како Тој, Славен е Тој, нам ни подарил желудник за да можеме да вкусиме безброј јадења и да им се насладиме." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
("Се однесува на управување на небесните тела, кои имаат екстремна брзина и маса; и на управување на елементите, кои имаат тенденција на околно распространување и интерференција; и на управување на Земните суштества, кои во целост се зависни и неодржли..." içeriğiyle yeni sayfa oluşturdu) |
||
1.044. satır: | 1.044. satır: | ||
'''Трет факт: Факт за распоредување и управување.''' | '''Трет факт: Факт за распоредување и управување.''' | ||
Се однесува на управување на небесните тела, кои имаат екстремна брзина и маса; и на управување на елементите, кои имаат тенденција на околно распространување и интерференција; и на управување на Земните суштества, кои во целост се зависни и неодржливи; на управување, кое се одликува со совршена уредност и рамнотежа, и правење помошници на едните со другите; на управување и контрола на сите нивни односи обезбедувајќи им усогласеност, систематичност и потребни услови, како и за изработка на овој огромен универзум како една совршена земја, величествена метропола и украсена палата. | |||
Овде ќе земеме само една форма што подразбира спроведување на оваа управа и нејзино кружење само на еден лист и една страница од површината на земјата во пролетта, изоставувајќи ги сите надмоќни и огромни сфери од кои се цеди големината и благодатот, а имајќи предвид дека тие се разјаснети и потврдени во значајните посланија на Рисале-и Нур, како што е Десеттото Слово. Нејзината кратка форма ќе ја прикажеме низ еден пример, како што следува: | |||
Да претпоставиме дека една познат човек, војсководец кој го освоил светот, успеал да мобилизира армија составена од четиристотини илјади различни народи и групи, и на секој војник од секоја нација и група му обезбедил сосема различна и посебна униформа, оружје, храна, упатства, слободно време, редарство, и сите нив ги обезбедил со различна опрема, без ниеден недостаток, пропуст или грешка, и сето тоа го им го донел навремено, без доцнење и забуни, со целосна хармонија и на совршен начин, секако дека тогаш оваа управа, која достигнува краен опсег на ширината, сложеноста, прецизноста, рамнотежата, изобилството и правдата не произлегуваат од друго место, туку од натприродната сила на тој чудесен командант, и ниеден друг причински фактор не може да вмеша прсти, бидејќи, кога би можел, би ја нарушил рамнотежата и би настанала збрка. | |||
Исто така, ние со свои очи можеме да видиме дека една невидлива рака во секоја пролет подигнува и заповедува прекрасна армија составена од четиристотини илјади различни видови живи суштества, за потоа во есенската доба, која е модел за крајот на светот, да испрати триста илјади од вкупно четиристотини илјади различни видови, на заминување од нивните должности, во форма на истребување и под називот смрт. А, во пролетта, која е пример за задгробното воскресение и собир, подигнува триста илјади примероци на големо воскресение во временско растојание од неколку седмици, во совршен ред и поредок. Дури нам во само едно дрво на увид ни става четири минијатурни видови воскресение, односно оживување на самото стебло, неговите листови, неговите цветови и неговите плодови, исто како и во претходната пролет, така нам ни го прикажува и Своето Единство, Единственост и Исклучителност, и Својата апсолутна Моќ, простран Благодат, во склоп на совршено Господарување, Владеење и Мудрост. Според тоа, Тој, со перото на Својата определба ја испишува уредбата на Единството на лицето на Земјата, на страниците на секоја пролет, со тоа што на секој вид и секоја заедница на таа армија на Сеславниот, чиј број достигнува четиристотини илјади видови, им доделува сè што им е потребно: од различна храна, разновидно лично оружје, соодветни и препознатливи униформи, и соодветни и нееднакви инструкции, разни празници, до сета останата опрема и материјали што им одговараат. Тој, Славен е Тој, сето тоа им го доделува со совршена регуларност и рамнотежа, без најмали пропусти или грешки, без забуни или заборавеност, и им обезбедува во утврдено и определено време, од неочекувани извори. | |||
Нашиот патник, прегледувајќи само една страница од оваа уредба, во само една пролет, ѝ рече на својата душа (нефс): | |||
„Оној Кој поставува илјадници видови воскресенија секоја пролет, што ја пречекорува Својата чудесност, дури и со Големото воскресение, е истиот Оној Кој на сите пророци им дал ветувања и завети дека ќе го поминат воскресението и Судниот ден поради наградување и казнување, а тоа, во однос на Неговата моќ, е незнајна во однос на пролетта; и тоа го загарантирал со илјадници знаци во однос на воскресението во Светиот Куран, кој изразито во илјадници свои ајети ги потврдува Неговите, Славен е Тој, ветувања и предупредувања. Така, не постои сомнеж дека „казната од пеколот е вистинската правда за оној што ќе стори грешка во однос на негирањето на воскресението“, а со тоа да ги негира и бројните ветувања и моќта на Несовладливиот и Величествен Моќник.“ | |||
Така расудувал нашиот патник. И неговата душа (нефс) се помири со тоа и рече: „Веруваме во тоа!“ | |||
''' | |||
И овој земски патник на третата станица го виде и ова што следува. | |||
'''Четврти факт: Фактот за сомилоста и издржувањето (а тоа е Триесет и трети степен)''' | |||
<div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> | <div lang="tr" dir="ltr" class="mw-content-ltr"> |
düzenleme