Translations:Birinci Söz/27/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    И така, двајца другари тргнале на пат низ пустина. Едниот од нив бил скромен, а другиот горделив. Скромниот му се придружил на еден поглавар, а горделивиот одбил. Патувале низ пустината, и оној што му се придружил на поглаварот, кога ќе сретнел некој разбојник, му велел: „Јас патувам под заштитата на тој и тој поглавар“, и разбојникот го пуштал без да му нанесе штета; уште кога ќе влезел во шатор, го поздравувале со почит и уважение, благодарение на името на поглаварот. А, другиот, горделивиот, се соочувал со неописливи несреќи и зла. Постојано стравувал и просел. И на тој начин, ем се понижувал, ем се посрамотувал.