Translations:Dördüncü Hakikat olan Otuzüçüncü Mertebe/2/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Односно обезбедувањето благосостојба на сите живи суштества и особено на оние што се дарени со дух, најмногу на беспомошните и слабите меѓу нив, и главно на децата и на малите, по целата земја, во нејзината утроба, во воздухот, во морето, осигурувањето на целата нивна храна со целосно сочувство, независно дали е материјална – за желудникот, или духовна – за срцето. А илјадници оки храна се добива од елементарен сув прст и од тврди како коска и суви парченца дрво, притоа најпријатната благосостојба е извлечена помеѓу крв и нечистотија и огромни количества храна се произведени од зрнце тврдо како коска што не тежи ни грам. Нормираното добивање на сето тоа пред нашите очи во соодветно време, без да биде заборавен некој или да се допушти забуна или грешка, е имено вистината за благосос-тојбата од невидлива рака.