Translations:Dördüncü Hakikat olan Otuzüçüncü Mertebe/3/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Во едно од навестувањата на Куранот е кажано:

    اِنَّ اللّٰهَ هُوَ الرَّزَّاقُ ذُو ال۟قُوَّةِ ال۟مَتٖينُ

    Да, во тоа навестување осигурувањето средства за опстанување и на благосостојбата се ограничува во овластувањата единствено на Семоќниот и Севишниот, како што е кажано и во друго навестување од Куранот:

    وَمَا مِن۟ دَٓابَّةٍ فِى ال۟اَر۟ضِ اِلَّا عَلَى اللّٰهِ رِز۟قُهَا وَيَع۟لَمُ مُس۟تَقَرَّهَا وَمُس۟تَو۟دَعَهَا كُلٌّ فٖى كِتَابٍ مُبٖينٍ

    Тука исхраната на сите луѓе и животни се поставува под грижата на Семоќниот Господар и се обезбедува од Него, како и во следното навестување:

    وَكَاَيِّن۟ مِن۟ دَٓابَّةٍ لَا تَح۟مِلُ رِز۟قَهَا اَللّٰهُ يَر۟زُقُهَا وَاِيَّاكُم۟ وَ هُوَ السَّمٖيعُ ال۟عَلٖيمُ

    Навестувањето докажува и објавува, како што се гледа, Семожниот Аллах е Оној што ја носи одговорноста за храната на бедниците, слабите, беспомошните и други што се неспособни да се здобијат со неа. Тој им ја испраќа од таму каде што не можат ни да претпостават, од извори за коишто не им паѓа ни на памет, дури од невидливото, дури од ништо. Така на пример, инсектите во морските длабочини не се хранат од ништо; за сите мали рожби благосостојбата доаѓа од таму каде што не ни претпоставуваат; Севишниот на сите животни им обезбедил храна и всушност Тој за нив троши средства директно од невидливото, како што се гледа секоја пролет; дури благосостојбата на воодушевените од условеноста им се испраќа од Севишниот под превезот на причините и никој друг не ги храни. Овие навестувања од Куранот и проучувани фено-мени откриваат, докажуваат и расветлуваат кој ја обезбедува благосостојбата. Многу други навестувања и безбројни докази во вселената покажуваат со сигурност и без колебање дека секое живо создание расте, одгледано под милосрдното крило на еден ист и единствен Велик Обезбедувач на храната.