Translations:On Dördüncü Söz/123/mk
Еј, нефсу! Не вели: „Времињата се сменија, се смени и векот, сите се окупирани со овој свет, животот им станал премил и се опиени од животната заработувачка“, затоа што смртта не се менува, а и разделбата не се претвора во вечност. Човековата немоќ и беда исто така не се менуваат, туку се зголемуваат. Заминувањето на луѓето не престанува, туку се забрзува.