Translations:On Dördüncü Söz/127/mk
Можеби ваквите незгоди со наредба на Семудриот Милосник ги овековечуваат минливите имоти на верниците, и се претвораат во садака (милостина). Можеби е избавување од гревовите направени од неблагодарност кон Божјите благодати.
Ќе дојде денот кога оваа покорна земја ќе си го види своето лице како грдо и одвратно, бидејќи ортачењето на човековите дела со Аллах ќе го расипат нејзиното украсување, а неблагодарноста на луѓето ќе ја извалкаат. Тогаш по наредба на Аллах нејзиното лице ќе биде избришано од голем земјотрес и ќе биде очистено со испраќањето на ортаците во Пеколот, а на благодарните ќе им се каже: „Ајде, повелете во Рајот.“