Translations:On Dokuzuncu Lem'a/13/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    И така, на основата на оваа тајна би можеле да претпоставиме дека располагаме со два залака: Еден од некаков прехранбен производ, како на пример сирење или јајца што чини еден грош, и друга – висококвалитетни слатки што чинат десет гроша. Тие се еднакви и нема разлика меѓу нив, исто како што пред да бидат внесени во устата, така и со оглед на нивниот прехранбен ефект за телото откако ќе бидат проголтани и ќе слезат во грлото. Можно е дури сирењето, што е поевтино, да биде похранливо и да помага повеќе за растежот отколку парчето слатко. Следствено, меѓу нив нема друга разлика освен пријатното чувство во устата, што не трае повеќе од половина минута.

    И така, ако за надоместок на вратарот се издвојат девет пати повеќе награди отколку за владетелот на дворецот, тоа несомнено би го навело на вообразување и алчност и би го натерало да каже: “Имено, јас сум управникот!” Тогаш ќе го допушти внатре оној што му дава поголем подарок и му причинува поголемо задоволство и ќе стане причина за уништување на постоечкиот ред и за потпалување пожар што ќе го натера да вика за помош: “Брзо, доведете го веднаш лекарот за да ми ја снижи температурата и да ми го угаси овој оган!”