Translations:On Dokuzuncu Lem'a/17/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    За вистински благодарните, за оние што се држат до реалноста, за срдечните и остроумните, восприемањето на вкусовите е сличен на набљудувач и инспектор во кујната на Божјото милосрдие (како што беше објаснето во споредбата направена во Шесто Слово). Овие восприемања ја оценуваат вредноста на Божјите благодати и им ги запознаваат различните видови преку вклучените во нив точни и чувствителни ваги, многубројни, колку што е бројот на храната и со секое слично дејство им праќаат сигнали на телото и на желудникот во вид на благодарност.Тогаш функцијата за восприемањето на вкусовите не се ограничува само во материјал-ната грижа за телото, туку се грижи и за срцето, духот и разумот, тие се повисоко поставени и поизвишени по функција во споредба со желуд-никот.