Translations:On Dokuzuncu Lem'a/31/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Втор дел: Метафорична благосостојба. Оној што ја употребува лошо, е неспособен да се ослободи од непостоечките потреби, претворени за него во неопходна потреба како резултат на тоа дека бил подложен на испробување на традициите. Цената на сличната благосостојба, особено во нашето време, е многу несреќна, затоа што тоа не влегува во заветот на Господ. Можно е тоа да е добиено ако човек си ја пожртвувал претходната чест и се задоволил со тоа да го понижуваат. Можно е дури да стигнал до раб на просење и да паднал дотаму што е принуден да бакнува нозе на долни и подли луѓе. Згора на сè, можно е да се здобил со таа трагична и погубна состојба на начин што си ги пожртвувал религиозните светињи, а тие се блесок на неговиот вечен живот.