Translations:On Dokuzuncu Lem'a/58/mk
Прва последица – човекот престанува да се задоволува со малку, а тоа го оддалечува од желбата да вложува напор и да работи. На овој начин, алчниот започнува да се оплакува и да се жали наместо да биде благодарен, што го фрла во прегратките на мрзеливоста. Тој ги изостава оскудните средства што доаѓаат од законскиот доход([1]) и брза да најде нелегитимни приходи што не изискуваат да се труди и не му вредат ништо. Кога врви по овој пат, тој ја жртвува и ја губи честа и своето достоинство.
- ↑ Со оддалечувањето од штедливоста се зголемуваат консументите и се намалуваат оние што создаваат добра. Сите започнуваат да фрлаат погледи кон вратата на владата. Тогаш се распаѓаат и се уриваат индустријата, трговијата и земјоделството, коишто претставуваат оска и крстосница на социјалниот живот. И општеството за возврат стигнува до опаѓање и се деградира, а бедникот станува безимотен.