Translations:Onuncu Söz/288/mk
не кажувај: „Зошто не можам да го опфатам и да го разберам во целост ова Десетто Слово?“ Не огорчувај се и не грижи се за тоа дека не ти е разбирливо докрај. Генијални филозофи, на пример како што е Ибн Сина, рекле: اَلْحَشْرُ لَيْسَ عَلٰى مَقَايِيسَ عَقْلِيَّةٍ . Односно, едноставно, веруваме во него затоа што не е можно преку разумот да се проследи неговиот пат и да се испита неговата длабочина. Така и исламските научници стигнале до едногласното мислење дека прашањето со воскреснувањето носи карактер на даденост, односно неговите аргументи се предаваат по традиција и се прифаќаат на доверба затоа што не подлежат на осознавање со рационални средства. Пат, кој се намалува во далечина, а истовремено се извишува во врвовите, не може да биде лек и јавно достапен за секој што тргнал по него.