Translations:Onuncu Söz/309/mk
Четврти аргумент: Семејниот живот е обединувачки центар и централен дел на земното битие. Тој е неговата рајска среќа, здрава тврдина и сигурно засолниште. Домот на секој човек е негов личен свет и сопствена територија. Не постои поинаква среќа за духот на семејниот живот, освен преку сериозниот заемен почит и чистата посветеност на сите, искреното сочувство и милосрдие, кои стигнуваат до граница на готовност за жртвување и себеоддавање. Вакви односи се постигнуваат само преку верата, дека постојат врски на вечно пријателство, на долготрајна дружба, на бесмртна заемност во време без крај и под сенката на животот без граници, поврзан со односите на завидно и чесно татковство, чисто и искрено братство, верно и оддадено пријателство, така што сопругот вели: