Translations:Onuncu Söz/340/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Затоа, човекот на овој свет останува без казна за извршените постапки како угнетувач, за допуштеното негирање, неверие и непотчинување пред неговиот Господар, Кој му дава благослов и го одгледува со целосно сочувство и милост. Ваквата ситуација е во спротивност со хармоничниот ред во вселената, за разлика од правдата и совршената рамнотежа во неа, со нејзината убавина и личотија, затоа што суровиот тиранин го поминува животот во мирување, додека несреќната жртва на гнетот води мизерно постоење во лишување. Нема сомнеж дека природата на апсолутната справедливост, чии белези се забележани низ целата вселена, никогаш нема да прифати и нема да го поддржи отсуството на воскресение за жестоките угнетувачи, заедно со горките угнетувани, и тие се еднакви пред смртта.