Translations:Onuncu Söz/375/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Така и тајната на животот и неговата суштина се поврзани со „верата во пратениците“, се насочуваат кон неа и индиректно ја потврдуваат.

    Да, додека вселената продолжува да биде создадена за животот и тој да е најголемото пројавување, најсовршеното ремек-дело и најубавиот производ на Вечноживиот, Сеприсутниот, сеславна е Неговата слава; додека Неговиот вечен и бесмртен живот продолжува да се открива преку испраќањето на пратениците и објавувањето на Писанијата... затоа што, ако немаше ниту пратеници, ниту Писанија, оној вечен живот би останал непознат. Како што говорот на единката го прави видлив животот и неговата живост, така и пророците и пратениците, мир над нив, и нивните објавени Писанија го откриваат и покажуваат Вечноживиот Собеседник, Кој преку Своите Слова и Реч издава наредби и забрани од зад завесата на невидливото, од зад завесите на вселената.