Translations:Onuncu Söz/377/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Да, како што животот е дестилиран екстракт на вселената, и чувствата и разумот се дестилиран екстракт на животот, и разумот е дестилиран екстракт на чувствата и сетилата, а духот е чисто и најскриеното јадро на животот – неговата трајна и автономна суштина... Така и животот на Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари), и материјалниот, и духовниот – е дестилирана квинтесенција на животот и на духот на вселената. Посланието на Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари) е најчистиот дестилиран екстракт од сетилата, чувствата и разумот на вселената. Дури и, според сведоштвото на неговите резултати, животот на Мухаммед (Аллах да го благослови и со мир да го дари) – и материјалниот, и духовниот, е врховен живот на вселената, посланието му е нејзино врховно чувство и нејзина светлина, а откровението од Куранот – според сведоштвото на неговите животни вистини, е дух на животот на вселената и разум на нејзините чувства.