Translations:Onuncu Söz/379/mk
Животот гледа и кон уште еден столб на верата – предодредувањето. Тој укажува на тоа и индиректно го докажува. Затоа што, додека животот продолжува да биде светлина за видливиот свет, да го владее и да го прегрнува, да е резултат и цел на постоењето, да е најширокото огледало за пројавувањата на Творецот на вселената, најцелосниот показател и образец на Господовата дејственост, и, ако е можно споредба – тој како да е разновидност на нејзиниот план и програма... Доколку е тоа така, би требало тајната на животот исто така да бара присуство на невидлив свет во смисла на минато и иднина, односно на минатите и идните созданија, во рамките на редот и организацијата, како и да биде познат, виден, набљудуван, готов да ги исполнува творечките команди, или, со други зборови, да функционира како да е состојба на духовниот живот.