Translations:Onuncu Söz/383/mk
Да, ваквиот израз – изразот на животот, кој е светлина од сонцето на вечниот живот, нема да се ограничи само во овој видлив свет, ниту во ова време, ниту во ова надворешно битие, туку би требало секој од световите да има еден од аспектите на пројавувањето на оваа светлина во зависност од својата восприемливост. Следствено, вселената со сите свои светови е жива, осветлена и просветлена од светлината на тоа пројавување. Инаку, секој од овие светови би се претворил (како што го гледаат очите на заблудата) во огромен и ужасен труп под видливата привремена земја, во урнат и мрачен свет.