Translations:Onuncu Söz/47/mk

    Risale-i Nur Tercümeleri sitesinden

    Дојди малку да се прошетаме меѓу овие цивилизирани луѓе за да видиме каква им е состојбата и што се случува наоколу. Погледни како на секој агол се поставени многубројни фотоапарати коишто сликаат, и насекаде има безброј писари што ги регистрираат и најситните факти.

    Еве, дојди погледни кон онаа висока планина! На неа е издигната огромна камера којашто е наменета специјално за самиот Владетел.([1])

    Таа снима сè што станува во царството. Владетелот ги задал Своите повелби да се регистрираат сите факти и да се запишат делата во Неговото царство. Тоа означува дека, имено, величествениот Управник е Оној Што ги диктира сите настани и заповедува тие да бидат снимани. Зад исклучителниот интерес и зад точното документирање на фактите несомнено се крие идејата за претстојна сметка.

    1. Дел од споменатата содржина во овој аспект беше разјаснето во Седмата вистина. Под големата камера, наменета специјално за Владетелот, се има предвид Чуваната Плоча (Левх-и Махфуз) и вистината за него. Дваесет и шестото Слово ја докажа реалноста на постоењето како што следува. Малите лични карти укажуваат дека постои голем регистар. Ситните документи го покажуваат присуството на основна база на податоци. Тоа што некаде малку или обилно течат капки вода, го докажува присуството на голем извор. Паметот, којшто е својство и на човекот, и на плодовите давани од дрвјата, и на семињата од коишто тие израснуваат е слична на мала лична карта или на минијатурна чувана плоча, и небаре одделниот памет е ситна капка од моливот што ја напишал големата Чувана плоча. Би требало секое од уредите за памтење да говори за присуството на најголемиот памет, на најогромниот регистар, на најголемата Чувана плоча и дури да го докажува тоа и да го открива на бистрите умови.